За да имате добрата инвестициона стратегија, неопходно е да проверете дали истата да ги содржи следните неопходни елементи:
- Диверзификација во други класи на средства
- Брзо намалување на загубите
- Имплементирање на shortselling – тргување на кратки позиции
- Користење на цврсто дефиниран план и систем на правила.
Но, пред да започнете, неопходно е да разберете што сѐ можете да тргувате. Во суштина сѐ:
- Акции: Microsoft (MSFT), Apple (AAPL), Tesla (TSLA), Facebook (FB) и др.
- Обврзници / каматни стапки: Eurodollar, 10-yeat Т-note, Bond и др.
- Валути : USD, CHF, JPY, CAD и др.
- Метали: злато, сребро, бакар и др.
- Енергетски сурови: нафта, природен гас и др.
- Земјоделски производи: жито, пченка, соја и др.
- Крипто валути: Bitcoin (BTC), Ethereum (ETH) и др.
- Фјучерси
- Опции
- ЕТФ-и
Изборот е ваш дали ќе тргувате акции, опции, крипто валути или некоја друга класа на инструменти и на кој пазар ќе тргувате.
Додека некои инвеститори се фокусираат само на ограничени, специфични пазари и инструменти како што се само валути или само акции, други имаат пошироко диверзифицирано портфолио.
Намената на диверзификацијата е да го намали вкупниот ризик за кој било систем за тргување или стратегија. Преку диверзификација во неповрзани, со ниска или негативна корелација класа на средства, може да се намали целокупната загуба на портфолиото во однос на инвестирањето во само едно средство или само на еден пазар.
Брзото намалување на загубите во тргувањето значи треба да ја затворите вашата позицијата со релативно мала загуба пред да има шанса да се претвори во голема, неочекувана загуба. Но, иако е релативно едноставно да се разбере во теорија, на моменти може да биде исклучително тешко да се спроведе во пракса. Причината зошто е важно брзото намалување на загубите е најважна е затоа што е критична компонента за заштита на вашата сметка за тргување односно на вашиот капитал.
Затоа, ако немате солиден план за управување со ризик кој во него ќе вклучува како ќе управувате со вашите позиции што губат, може да се најдете во ситуација која ќе ја загрози вашата сметка за тргување.
Тргување на кратки позиции е неопгодно бидејќи вие сакате да можете да заработувате на берзата и кога цените на акциите паѓаат. Доколку вашиот брокер не ја нуди опцијата на отварање на кратки позиции – short selling, можете да инвестирате во инверзни ЕТФ-и и на тој начин заработувате при опаѓање на цените на акциите.