Од сите FANMAG акции (Facebook, Apple, Netflix, Microsoft, Amazon и Google), ниедна од нив не е по-атрактивна од Амазон. Откако FANMAG го достигна своето дно на 16-ти март, цената на Амазон вртоглавно се издигна скоро 90% – најдобро од сите 6 (шест) компании.  Импресивно е тоа што Амазон е компанија на која и се припишува 2,2% од продажбите од сите S&P 500 компании, но тоа што ја прави посебна е фактот дека од сите S&P 500 компании, Амазон учествува со 11,3% за истражување и развој (S&P 500 research and development).

Додека 62% оставарена добивка во текот на изминатата година е доста импресивно, заслужува внимание да се посочи дека спред моделот на Ned Davis Research (NDR) тоа е помалку од просекот во финалната година при формирање на меур. Сепак тие остануваат да ја набљудуваат внимателно компанијата, бидејќи три годишните и пет годишните стапки на раст го надминуваат нивниот модел за меур (33% раст на годишно ниво за период од 5 години наспроти годишниот пораст на Амазон од 51% за последните 5 години).

Ако го погледнеме графиконот на компанијата Амазон (AMZN) можеме да видиме дека нагорниот тренд е веќе истоштен.

И покрај тоа што акцијата се наоѓа во позитивна територија, RSI укажува на слабеење на силата на нагорниот трен. Цената на Амазон го формира својот врв и во моментов најде линија на отпор околу 3255. Следно ниво кое ќе ни даде појасна слика за тоа дали ќе имаме подлабока корекција е пробив на цената 2888.

Една од моите омилени изреки од Ворен Бафет е “Price is what you pay, value is what you get”. Бидејки при тргување единствено што е важно е цената, сметам дека треба да застанете и да земете длабок здив пред да одлучите дали е сега време за инвестирање во акцијата на Амазон.