Берзанските индекси ширум светот се моќни показатели за глобалната економија и за економиите во поединечните земји.

Берзанскиот индекс не е инвестиција, тој е едноставно мерка за перформансите на одреден пазар или пазарен сегмент. Со други зборови, индекс претставува репрезентативно земање примероци на одредена група хартии од вредност. Овие индекси се во сопственост на фирмата или берзата која ги издава. Понатаму, големите инвестициски компании го најмат името на индексот и создаваат ЕТФ-и кои се репликација на формулата од индексот.

Во прилог ги издвојуваме најшироко следените меѓународни индекси што се користат од страна на инвеститорите и медиумите.

Во САД најшироко следени индекси се:

  • Dow Jones Industrial Average (DJIA) – е берзански индекс на акции што представува просечно движење на цените на 30-те најголеми компании во САД исклучувајќи ги компаниите од комуналниот и транспортниот сектор. Во принцип, индексот Дау е познат по својата листа на американски компании познати уште како најдобрите компании “сини чипови” кои редовно исплаќаат дивиденди.
  • Standard & Poor’s 500 (S&P 500) – е индекс кој се состои од 500-те најголеми јавно тргувани компании во САД. Индексот S&P 500 претставува приближно 80% од вкупната вредност на берзата на САД.
  • Главниот индекс на NASDAQ е NASDAQ Composite, кој се состои од над 3.000 акции кое се тргуваат на берзата NASDAQ, но најпознат индекс може да биде NASDAQ 100. Акциите со кои се тргува на NASDAQ обично имаат симболи на тикер со 4 карактери, како што се MSFT за Microsoft или TWTR за Twitter.
  • Wilshire 5000 – често се нарекува „вкупниот берзански индекс на акции“. Wilshire 5000 е најширок берзански индекс на акции – зема примероци од повеќе од 5000 акции што претставува најширок опсег на акции од големи, средни и мали компании.
  • Russell 3000 – е берзански индекс што се состои приближно од 3000 акции, со кој се мерат перформансите на најголемите американски компании. Индексот Russell 3000 често се нарекува широк пазарен индекс затоа што претставува приближно 98% од пазарот на инвестиции во САД.
  • Russell 2000 – е индекс што се состои од акции со мала пазарна капитализација во САД. Како што подразбира името, индексот опфаќа приближно 2000 од најмалите компании, засновани врз пазарната капитализација.
  • Barclays Capital Aggregate Bond Index – е индекс кој ги покрива најтргуваните американски обврзници и странски обврзници кои се тргуваат во САД.

Во Европа најшироко следени индекси се:

  • DAX е водечки индекс на германската берза. DAX (симбол: GDAXI) се состои од 30-те најголеми и најактивно тргувани германски компании (сини чипови). Критериуми за пондерирање на акциите во индексот се обемот на тргување и пазарна капитализација. DAX е индекс на успешност, што значи дека сите приходи се од дивиденда и дистрибуција на бонуси реинвестирани во индексот.

Покрај DAX, германската берза пресметува голем број други индекси од кои најважни се:

  • MDAX е индекс кој се состои од 60-те најголеми компании од класичните сектори со исклучок не секторот за технологија на берзата во Фракфурт, кој е рангиран под компонентите на DAX индексот во однос на пазарна капитализација и обем на тргување.
  • TecDAX се состои од 30-те најголеми компании од секторот за технологија на берзата во Франкфурт. TecDAX е еквивалент на американскиот Nasdaq 100 индекс.
  • SDAX е индекс кој се состои од 50 мали компании според пазарна капитализација од класичниот сектор и е еквивалент на американскиот индекс Russell 2000.
  • HDAX е индекс кој ги вклучува 110 најголеми германски компании според пазарна капитализација од сите сектори во економијата и е еквивалент на американскиот индекс Russell 1000.
  • Dax Volatility Indices: VDAX (симбол: VDAX) и VDAX-NEW (симбол: V1X) – овие се германски еквиваленти на индексот за нестабилност на CBOE (VIX) и ја содржат во себе нестабилноста на индексот DAX. Индексите за нестабилност прикажуваат во проценти дали опциите DAX се продаваат над или под нивните пазарни вредности (кои се пресметуваат според формулата “Black-Scholes”).
  • CAC40 (симбол: FCHI) е индекс кој пратставува главен репер на берзата Euronext Paris. Индексот содржи 40 акции од првите 100 според пазарна капитализација и најатрактивни акции котирани на берзата Euronext Paris.
  • Индексот FTSE 100 е индекс на акции од 100-те најголеми компании кои котирааат на лондонската берза според пазарна капитализација.
  • Dow Jones Stoxx 50 ги следи перформансите на 50-те најважни акции кои активно се тргуваат во пан-европската област, додека Euro Stoxx 50 (STOXX50E или ESTX50) ги следи 50-те најважни акции во Еврозоната.

Останати индекси кои се следат:

  • The Nikkei 225 (N225) е најгледаниот берзански индекс на акции во Јапонија, на берзата за тргување во Токио – Tokyo Stock Exchange (TSE). Индексот е просечна цена од 225 акции со кои се тргува на првиот дел од берзата во Токио, но таа се разликува во тоа што делителот се прилагодува со цел одржување на континуитет и намалување на ефектот на надворешни фактори кои не се дирекно поврзани со пазарот.
  • The Hang Seng (HSI) е барометар на берзата во Хонг Конг.

За светот најпознати берзански индекси на акции се:

  • MSCI ACWI: ACWI е акроним што значи Индекс на сите земји во светот – All Country World Index. MSCI ACWI опфаќа над 9000 хартии од вредност на мали, средни и големи компании според пазарна капитализација, компании од различни сегменти и сектори од 45 развиени земји и земји во во развој.
  • MSCI EAFE е широко прифатен како репер на меѓународните пазари со исклучок на САД и Канада. EAFE е акроним што значи Европа, Австралија и Далечен Исток. Индексот MSCI EAFE е збир на 21 индекси на одделни држави кои колективно претставуваат многу голем дел од најголемите пазари во светот.
  • MSCI World – овој индекс опфаќа над 1.600 хартии од вредност од развиените земји низ целиот свет, па оттука и името.