K.I.S.S. е акромин за Keep It Simple, Stupid! Оваа кратенка може да ни помогне многу да донесеме правилни одлуки на пазарот. Понекогаш малку податоци може да бидат и повеќе од доволно, а премногу податоци може да доведат до “парализа на анализата”.

Историски, проектите за децентрализирани финансии (ДеФи) се покажаа многу добро на целокупниот пазар, но многу од најголемите проекти во секторот се тргуваат скоро странично со месеци, кое претставува одлична можност за ротирање во некои од фундаментално најсилните средства во крипто индустријата.

Пазарот е гласачки механизам на краток рок и механизам за мерење на тежина на долг рок, кое значи дека “blue chips” коините со силни фундаментални показатели е тоа што пазарот ќе преферира на долг рок.

Пред да издвојам неколку ДеФи токени кои сметам дека се намалени многу во однос на остатокот од пазарот и кои имаат во моментов на пишување на статијата имаат цени кои се добри за купување и градење на позиции на долг рок.

Изминатите некоку месеци бевме сведоци на одлични перформанси на нетворк токените како што се: Solana, Luna, Avalanche и многу други. Кога сакаме да инвестираме, ние бараме потценети токени кои се релативно ефтини во однос на другите и имаат фундамнетално добро параметри.

Но, пред да ги споделам графиконити, во прилог ќе споделам неколку метрки за анализа на истите. ДеФи анализата ја започнуваме со гледање на четири метрики: пазарна капитализација, вкупнa заклучена вредност (TVL), активни адреси на паричници и проток на размена. Последните три метрики се изведени од „on-chain“ податоци, кои се дефинирани како извор на податоци од активности што се евидентирани на блокчејн (или „јавна база на податоци“) што поддржува дадена криптовалута! On-chain метриките се единствени за индустријата за криптовалути и можат да бидат неверојатно моќни и поради обемот на достапни податоци и веродостојноста на точноста на податоците. Бидејќи податоците од синџирот се добиени од јавна, непроменлива, отпорна на спам и проверена книга, можеме да бидеме сигурни дека информациите се доволно доверливи за да помогнат во нашите одлуки. Со други зборови, податоците од синџирот е речиси невозможно да се променат.

  1. Пазарна капитализација – oваа метрика ни ја кажува вкупната вредност на проектот според неговата пазарна цена. Пазарната вредност се пресметува со множење на цената на токенот со нејзината циркулирачка понуда, наспроти неговата максимална понуда на токенот.
  2. Вкупнa заклучена вредност (TVL) – покажува колку пари се заклучени во паметни договори поврзани со даден протокол. Ова обично се означува во американски долари, но исто така е важно да се земе предвид и метриката за ETH..
  3. Активни паричници – оваа метрика покажува колку луѓе всушност ја користат мрежата. Ова е важно заедно со TVL, бидејќи обезбедува подобра слика за растот на мрежата. Дополнително, оваа сликата нема да ви ја раскаже целата приказна, така што ќе треба да го разгледуваме растот со текот на времето за да утврдите дали одредена мрежа ја зголемува својата база на корисници.
  4. Прилив/одлив од менувачница – протокот на размена е мерка за обемот на токенот што се поместува до или од централизиран паричник за размена.

Додека овие токени се уште се „надолу“ од нивниот најголем врв, многу од нив се  илјадници проценти над нивната почетна цена.

Compound

Maker

AAVE

Од графиконите можеме да забележиме дека сите се наоѓаат на силно ниво на поддршка кое неколку пати пазарот се обидел да го пробие и имаме нов под на тргување со силен обем на контрола.

Останете трпеливи и не дозволувајте цикличноста на пазарите да ве потресе.

За авторотСнежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.