Во кои сектори сакаме да учествуваме

Како трговци или инвеститори, треба да имаме одреденен редослед како да го започнеме процесот на анализирање на акциите. Без разлика дали сме ориентирани на краток рок или на долг рок, тоа што сакам да го истакнам е дека гледањето на нашето портфолио треба да биде на крајот од процесот. Ако прво го погледнеме нашето портфолио, тогаш имаме тенденција да бараме информации и сигнали што ќе го потврдат и поддржат нашето мислење и ментално би ги оттурнале работите што не го потврдуваат нашиот заклучок. Ова е една од најчестите грешки во однесувањето што ги правиме, наречена пристрасност кон потврда. Затоа, треба да започнеме со пошироката слика, да видиме каде е пазарот, потоа да ги разгледаме секторите и индустриите, другите класи на средства итн. На самиот крај треба да видиме какви се пазарните погледи и каде е нашата позиција во однос на пазарот.

Ние, во ИнвестПоинт, во нашиот инвестиционен процес, дојодвме до заклучок во кој даваме официјална препорака за реалокација, односно го намалуваме пазарното учество во технолошкиот сектор. Причините за истото се следни: како прво сектор моделот кој го анализираме е во линија со нашите очекувања. Во прилог бр.1. прикажуваме постигнати перформанси на S&P берзанскиот инденкс по сектоrи за последниот месец со пресечен датум 15.05.2021.

Извор: Stockcharts

Како второ, Value секторот треба да продолжи да расте во однос на Growth секторот како последина на заздравување на економијата.

И како трето, продолжува ротацијата од Ковид лидери кон Ковид заостанувачи, и очекуваме послаба втора половина на годината од која треба да имаат корист дефанзивните сектори.

Техничката анализа ја потврдува нашата одлука.

Техничкиот сектор ја губи својата релативна сила во однос на S&P и во месец април имаме dead cross( 50day MA е под 200day MA). Microsoft и Apple кои учествуваат со скоро 42% според пазарна капитализација во секторот имаа слаби перформанси YTD.

Тука се очекувањата за инфлација. Историски гледано, кога инфлацијата била висока, технолошкиот сектор имал послаби перформанси. Дали големите и масовни фисклани трошења ќе доведат до проблематични нивоа на инфлација за берзите и еконимијата останува внимателно да се набљудува.

За авторотСнежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.

 

 

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend