ШТО ПРЕТСТАВУВА ВАЛУТЕН ПАЗАР?

FX, Forex, Foreign Exchange се синоними кои се користат при валутната трговија. Валутен пазар претставува место на кое се разменува една валута за друга. Како учесници на валутниот пазар се јавуваат централните банки, комерцијалните банки, корпорациите и трговците на мало.

Бидејќи доларот се смета за резервна валута, најголемиот дел од тргувањето е во долари. Еврото и јапонскиот јен исто така се сметаат за резервни валути, соодветно  во нивните региони. Најактивно тргување на валутниот пазар се случува во валутни двојки наречени “главни” како што се:

  • Euro/Dollar, Dollar/Yen, Sterling/Dollar

Покрај нив, постојат вкрстени валутни двојки и таканаречени “егзотични” валутни парови.

БАЗИЧНА ВАЛУТА И КОТАЦИЈА

Базична валута се смета првата валута која е дадена при котација. Така на пример, ако имаме ЕУР/УСД за базична валута се зема ЕУР а котираната валута е втората, односно УСД. Секогаш кога се дава цена се мисли на котираната валута.

  • ЕУР/УСД е прикажана во американски долари, односно колку американски долари е едно евро.

Ако го погледнете графиконот на дадена валутна двојка, кога линијата се придвижува нагоре ја прикажува базичната валута која е посилна и расте во однос на котираната валута.

ПИПСОВИ И ОПСЕГ

Пипс – pips е најмалата вредност од цената што може да се помести. Тој претставува децимална точка од процент. Најголем број на валутни парови се котираат до четири децимални бројки. Еден пипс е еднаков на 0.0001. Разликата помеѓу куповна и продажна цена се нарекува Spread или опсег.

 

Базична валута      Котирана валута

  куповна цена ⇒      ЕУР/УСД      ⇐ Продажна цена

     1,2250/1,2252

Опсег = 1.2252-1.2250 = 2 пипса

         Предности при тргувањето на валутен пазар

  • Висока лииквиднот која ви овозможува да се реализира вашата сделка во било кое време по цена која вие ја сакате.
  • Ниски бариери за влез кое значи дека секој може да учествува на валутниот пазар и да тргува со валутни двојки, освен во случај кога е забрането со закон.
  • Подобра можност за управување на ризикот со оглед на тоа дека може да се тргува со многу мали лот-ови и нема минимален праг на инвестирана сума на пари без која не можете да почнете да тргувате.
  • Може да тргувате во било кое време, пазарот е активен 24/7. Со други зборови може да тргувате за време на азиска сесија, европска или за време на америчка сесија.
  • Ниски трансакциски трошоци. Не се плаќа провизија за извршување на налозите, се плаќа спред (опсег помеѓу куповна и продажна цена).