Дали знаете што е ризик од инфлација? Тоа е ризик од губење на куповната моќ на парите.
Инфлацијата претставува пораст на општото ниво на цените во одреден временски период мерено преку индексот на трошоци на живот (CPI). Со други зборови, ќе ви бидат потребни повеќе парични единици за да ги купите истите производи и услуги во споредба со некој изминат период.
Според последните податоци објавени на страната на НБРСМ, во момент на пишување, просечна каматна стапка на орочен денарски депозит во месец март изнесува 1,31% годишно. Проекцијата за годишна стапка на инфлација за 2021 година изнесува 1,50%.
Да видиме колку е реалната куповна моќ на вашите пари орочени после една година:
Трендот на намалување на каматни стапки се случува и кај нас. Во некои земји тие се веќе подолго време негативни со предвидувања да се задржат на тоа ниво. Затоа, доколку имате слободни парични средства кои не ви се потребни во блиска иднина, почнете да размислувате каде и како да ги инвестирате во акции или во некоја друга класа на средства.
За почеток, може да размислувате за поедноставна форма на вложување на вашите средства во третиот доброволен пензиски столб, кое претставува одлична алтернатива на традиционалното штедење.
Пензиските друштва во својата инвестициона политика имаат за цел да остварат соодветен долгорочен принос на вашите средства и вложуваат напори за остварување на номинална стапка на принос од најмалку 3 процентни поени над стапката на инфлација.
За авторот: Снежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.
Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.
Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.