БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ
Индексите се мерачи на перформансите на пазарот и претставуваат лесен начин за да се визуелизира пошироката слика за движењето на пазарот. Тие се пресметуваат за целиот пазар или одделен пазарен сегмент. Најчесто се користат за акции, но се користат за други класи на средства. Индексите му помагаат на инвеститорот да се фокусира на одредена група хартии од вредност според дадена карактеристика и исто така да рангира различни групи според нивните индекси.
БЕРЗАНСКИ ИДНЕКСИ ПО ЗЕМЈИ
Овие индекси ја претставуваат целата земја и најчесто го нив се содржани најголемите по пазарна капитализација акции.
Главни глобални берзански индекси се:
- S&P 500 – САД
- FTSE 100 – Велика Британија
- DAX – Германија
- CAC – Франција
- TOPIX – Јапонија
- Shanghai Composite – Кина
- Hang Seng – Хонгконг
- Straits Times – Сингапур
- AEX – Холандија
- FTSE MIB – Италија
- МБИ 10 – Македонија
Берзанските индекси на акции можат да бидат класифицирани на многу начини:
- Глобални индекси – во себе содржат акции од повеќе региони
- Регионални индекси – во себе вклучуваат акции кои се дефинирани според географска позиција како Азија, Европа итн.
- Национални индекси – ги содржат акциите од најголемите компании кои се котираат на соодветните национални берзи.
- Берзански индекси според индустрија- овие индекси ги следат перформансите на одделните индустрии како што се енергетика, финансии, технологија итн.
- Берзански индекси- овие индекси се базирани на една берза или група на берзи.
ОСТАНАТИ ИНДЕКСИ
- Според пазарна капитализација во САД:
- Russell 3000 – 98% од сите акции кои се тргуваат во САД
- Russell 1000 – Најголемите компании кои претставуваат 1/3
- Russell 2000 – Најмалите компании кои претставуваат 2/3
- Можат да бидат групирани како:
- Акции со потенцијал за раст – Growth stocks
- Акции со висок бета коефициент – High Beta stocks
- US Dollar Index – Индекс на американскиот долар – тој ја следи вредноста на доларот во однос на пондерирана група на валути. Еврото зазема една половина од вредноста на индексот.
- CRB Index – е индекс на берзански стоки кој е составен од група на стоки како што се на пример обоени метали, земјоделски култури и енергенси.
- Индекси на недвижен имот како што е на пример REITs Index и како негова алтернатива може да се погледне FTSE NAREIT US Index.
- Baltic Dry Index – е индекс кој ги мери цените за превоз и испорака на најголемите суровини по море. Тој претставува добро мерило за цената на транспорт. Се користи за проценка на целокупното “здравје ” на глобалната трговија.
- Обврзнички индекси – најчесто се според одредена земја како на пример:
- За САД: Barclays Capital Aggregate Bond Index
- За светот: City Emerging Markets Broad Bond index
- За Македонија: ОМБ
КОНСТРУКЦИЈА НА ИНДЕКСИТЕ И НИВНО МЕРЕЊЕ
- Trade-Weighted Index – според трговската размена се формира врз основа на вредноста на валутата на земјата наспроти кошница од неколку други валути. Секоја поединечна валута зема учество во индексот според нејзиното учество во трговијата со таа земја.
- Capitalization Weighted – според пазарна капитализација и е најчесно користен налин. Учеството на акциите во индексот е според големината на компанијата. Најголемите компании според пазарна капитализација имаат најголемо учество во индексот.
- Modified Cap Weighted – и ист како претходниот според пазарна капитализација со исклучок на тоа, тука постои лимит колку влијание една компанија може да има на индексот. На приемер, една компанија не може да има повеќе од 10% учество во индексот.
- Geometric Weighted – се користи кај доларовиот индекс.
- Equal- Weighted – подеднакво мерени односно сите составни делови имаат подеднакво влијание на индексот.
- Price- Weighted – Според цената како што е на пример индексот Dow Industrials каде што големината н акомпанијата не игра никаква улога. Акциите на компаниите со највисока цена ќе имаат најголемо влијание на индексот. При формирање на индексот се користи корективен фактор кој ги измазнува цените од поделба на акциите, додавање и бришење на акции од индексот.
ПРЕСМЕТКА НА ИНДЕКСОТ
Индексите започнуваат со округли број како множител. Во момент на настанување на промени на членовите кои го сочинуваат, множителот треба да се прилагоди за да новата вредност на индексот се совпадне со последната вредност.
ПРИСТРАСНОСТ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ
“Спонзорите” на индексите додаваат и изземаат компании од индексот најчесто на квартална основа. Затоа стратегиите за инвестирање кои се споредуваат со дадениот индекс мора да бидат свесни за ова. Најголема грижа и внимание треба да се обрне доколку се прави тестирање наназад – back testing. Тестирањето на стратегиите најчесто се прави со моменталните членови во индексот и треба да се земе во предвид кои компании го сочинувале индексот кога сигнал за тргување бил генериран.