Акции што исплаќаат дивиденда – dividend stocks

При креирање на инвестициско портфолио, како дел од процесот на диверсификација, секогаш е добра одлука да поседувате акции кои исплаќаат дивиденда – “dividend stocks”. Умешноста е да се изнајдат акции кои ќе бидат следните “Аристократи на дивиденда“- “Dividend Aristocrats”. Тоа се акции од компании кои не самошто исплаќаат секоја година дивиденда туку и ги зголемуваат своите дивиденди најмалку 25 последователни години.

Сепак, за оние од вас кои сте нови во инвестирањето, може да имате некои прашања во врска со дивидендите. Знаењето што е дивиденда и како најдобро да ја искористите дивидендата може да ве постави кон патот на вистинска финансиска слобода. Ајде да започнеме.

Што е дивиденда?

Инвестирањето во акции, во основа е побарување за долгорочен прилив на парични текови генерирани од деловната активност на компанијата. Постојат различни начини да се искористат придобивките од овие парични текови, при што двата главни извори се: зголемувањето на цените на акциите заради растот на деловното работење, наведено како апрецијација на капиталот или капитална добивка и распределбата на готовина финансирана од тековните парични текови што ги создава бизнисот. Дивидендите се форма на дистрибуција на готовина и претставуваат опиплив поврат на пари што потоа можете да го користите за други намени.

Компанијата што плаќа дивиденда, во суштина, им пишува чек на своите акционери од профитот што го создава. За инвеститорите кои користат брокер, а тоа се повеќето инвеститори, тој чек едноставно ќе биде депозит што се појавува на вашата брокерска сметка. Дивидендите генерално се плаќаат на акционерите во редовни интервали, при што квартално е најчестиот интервал во Соединетите држави. Сепак, дивидендите можат да се плаќаат месечно, полугодишно, годишно, па дури и на еднократна основа, во случај на „специјални“ дивиденди.

За да си помогнете во процесот со менаџирање на дивидендите, потребно е да се следат неколку клучни датуми, особено датумот на екс-дивиденда, кој е првиот ден на тргување на кој идната исплата на дивиденда не е вклучена во цената на акциите. По датумот на екс-дивиденда, берзата тргува како веќе да е исплатена дивидендата. Ако ја купите акцијата пред тој датум, ја добивате дивидендата. Ако ја купите акцијата по датумот на екс-дивиденда, не ја добивате дивидендата.

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend