Ако погледнеме историски наназад, акциите од индустрискиот сектор се оние со највисока позитивна корелација во однос на целокупниот пазар.  Акциите од финансискиор сектор се исто така битни. Без нив не би имале биков пазар. И секако, технолошкиот сектор, имајќи во предвид дека акциите од овој сектор имаат најголема тежина меѓу сите сектори во САД.  Но, кога ќе ги погледнеме бројките, всушност акциите од ундистрискиот сектор се тие што излегуваат на врвот.  Индустрискиот сектор официјално важи и заеден од најважните сектори на пазарот.

 

Компаниите од овој сектор достигнуваат нови повеќегодишни максимални вредности во однос на остатокот од пазарот. На пример, некои од компонентите во овој сектор, како што се Deere и Caterpillar , постигнуваат највисоки вредности на сите времиња.

 

 

Како инвеститори, дали се ова акции кои сакаме да ги поседуваме и да ги продадме на повисока цена или сеуште ќе бараме изговори и причини да бидеме надвор од финансиските пазари?